Ристовски: Новите лаборатории ќе ја зголемат конкурентноста на стопанството

Денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, се сретна со претставниците на Стопанските комори. На средбата беше констатирано дека создавањето на нови специјализирани лаборатории, како и модернизација на постојните е императив за слободниот проток на стоки, зголемување на конкурентноста и иновативноста на македонското стопанство.

Министерот Ристовски денеска потенцираше дека проектот „Опремување лаборатории за научно истражувачка и апликативна дејност“  е еден од најголемите проекти на Владата со вложени средства во висина од 1,6 милијарди денари.

- Ова се лаборатории кои нудат бенефиции за научната јавност и за студентите, но лаборатории кои за стопанството во целина нудат услуги кои во минатото биле тешко достапни и по многу повисоки цени се обезбедувале во други земји, вели Ристовски, пренесе Курир.

Министерот додаде дека до крајот на месецот ќе бидат промовирани  24 лаборатории од ралични дејности.

 -Во овие 24 лаборатории се инвестирани речиси 500 милиони денари и по своите специфичности се меѓу ретките во регионот. Лабораториите обезбедуваат поддршка за стопанството преку реализација на истражувачки проекти за зголемување на конкурентноста, инвентивноста и иновативноста и тоа треба да се искористи, нагласи министерот Ристовски.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија  Бранко Азески рече дека лабораториите претставуваат многу значајна работа за македонската економија.

-Било кој сертификат од наша акредитирана лабораторија значи виза за нашиот производ за европскиот пазар, вели Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

02.10.2013 - 13:06
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега