Ослободени тројца пратеници на Златна Зора

Ослободени се тројца пратеници од грчката крајнодесничарска партија Златна зора пред почетокот на судскиот процес по обвиненијата за учество во криминална организација, а четвртиот е задржан во притвор, соопшти денеска судски извор.

Портпаролот на партијата Илиас Касидиарис е ослободен под кауција од 50 илјади евра под услов да не ја напушта земјата. Илиас Панајотарис и Никос Михос се ослободени за забрана за патување, Јоанис Лагос е задржан во притвор.

Четворицата ги отфрлија обвиненијата при сведочењето пред истражен судија за време на сослушувањето, што траеше 18 часа и заврши изутринава.

Касидиарис објави дека е жртва на политичка истрага.

Изненадувачката одлука за нивно ослободување ги усложнува напорите на Владата за зајакнување на мерките кон партијата, откако нејзин член минатиот месец уби грчки музичар.

Денеска лидерот на Златна зора, Николарос Михалолиакос, треба да се појави пред суд. 

02.10.2013 - 13:04

најчитано сега