Бугарскиот парламент и изгласа доверба на Владата

Денеска Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски го преживеа гласањето на доверба во Парламентот.

Доверба на Владата и дадоа 111 пратеници на Бугарската социјалистичка партија и Движењето за права и слободи,  против гласале 86 пратеници на десничарската опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), додека 20 пратеници од партијата Атака биле воздржани.

Предлогот за гласање доверба на Владата го поднесе партијата ГЕРБ поради наводното лошото изведување на инвестициското планирање.

02.10.2013 - 13:00

најчитано сега