Вељановски: Сплотување на политичарите за доброто на Македонија

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски присуствуваше на централната полноќна богослужба во Охрид во Светиклиментовиот храм на Плаошник.

Собранискиот спикер до православните христијани упати честитка за најголемиот христијански празник Велигден.

- Сплотеноста која што постои кај граѓаните на ваквите верски празници треба да ни биде поттик нам политичарите да се сплотиме за преземање битни чекори и за доброто на Република Македонија. Христос Воскресе – Вистина Воскресе, рече Вељаноски.

 

најчитано сега