Запалено момче поради јаже од змеј за летање

12- годишниот  Виду Џеин од Индија бил запален од двајца мажи со кои пред три дена се карале за јаже од змеј за летање.

Момчето, чиj татко е продавач на хартиени змаеви, бил киднапиран додека одел во училиштето да му однесе јадење на братот.

По некое време сведоци раскажуваат како го виделе како трча и вреска, посипан со бензин и запален. Иако лекарите се обиделе да  му помогнат, сепак починал како последица на изгорениците.

Момчето, пред да почине неможел да ги идентификува напаѓачите, но рекол дека ги слушнал како се расправаат за јаже од змејот.

 Поради смртта на детето граѓаните протестирале и запалиле неколку автобуси.

Полицијата трага по сторителите на ова брутално убиство.

02.10.2013 - 11:50

најчитано сега