Французите се најголеми уживатели на дрогата

Французите  се најголеми уживатели на наркотици во Европа, покажуваат податоците од истражувањето, објавено од медиумите во Белгија. Според студијата, тие секојдневно користат марихуана, додека за време на викендите се на кокаин и синтетички дроги.

Добиените резултати се направени со проверка на отпадните води во урбаните средини. Оваа анализа покажа дека концентрацијата на молекулите, кои се содржат во канабисот, во водата е пет пати повисока од податоците за Амстердам.

Постои разлика во употребата наркотиците во различни географски зони. Така употребата на хероин преовладува во североисточниот дел на Франција, додека на југ повеќе се користи амфетаминот и кокаинот, покажа студијата.

Податоците од истражувањето за употребата на наркотици во големите француски градови е за 2,5 пати повеќе во однос на малите населени места.

02.10.2013 - 11:25

најчитано сега