Курникова ќе го откачи Енрике

После 12 години, врската на Енрике Инглезијас и тенисерката Ана Курникова е на стаклени нози. Како што пишуваат медиумите, 31 годишната Ана неможе повеќе да го чека Енрике да ја одведе пред олтарот.

„Во врска се 12 години и неа и е доста од чекање. Ќе го остави Енрике ако тој не преземе нешто наскоро. Заедно се долго време, Ана чувствува дека бракот никогаш нема да се случи ако продолжат со ова темпо. Таа е подготвена да оди напред”, изјавил пријател на поранешната тенисерка.

Тенисерката веќе носи дијаматски прстен од 3 милиони фунти, а имаше и шпекулации дека ќе има церемонија во Мајами. Сепак тие никогаш не потврдија дека се верени.

 

Парот се запознал во 2001 година, за време на снимањето на спотот на песната „Escape“ и се неразделни. 

02.10.2013 - 11:22

најчитано сега