Канaтларовски застана на чело на Спартак

 

52-годишниот тренер Драган Канатларовски назначен е за нов тренер на Спартак од Суботица, објави клубот од Војводина на својата веб страна. Тој во својата тренерска кариера, два мандата беше селектор на македонската репрезентација и има предводено неколку македонски клубови.

Канталаровски во својата богата фудбалска беше играч на Пелистер, Вардар, Црвена Звезда, Депортиво Ла Коруња, Каршијака и Победа. Тој на клупата на Спартак доаѓа како замена за Петар Курчубиќ.

Следниот викенд македонскиот тренер со неговиот клуб  кој се наоѓа на 12. место во првенството на Србија, со седум освоени бодови следниот викенд ќе дебитира против Долни Срем.

02.10.2013 - 10:32

најчитано сега