Лук Ван Миделар: Грција не е фер за спорот со името
Советникот на претседателот на Европскиот Совет Херман ван Ромпуј, Лук Ван Миделар, синоќа одговарајќи на новинарско прашање на МИА во врска со грчко-македонскиот спор со името, одговори дека Унијата сака да ги реши билатералните спорови пред приемот на двете или барем едната земја во ЕУ.
- Унија не е добра при решавањето на билатералните односи кои се однесуваат на граница, име, на стариот свет на суверени држави. Затоа, Унијата на потешкиот начин, на примерот на Кипар, научи дека ваквите прашања мора да се разрешат пред едната страна, или двете страни, да влезат во ЕУ. Ака и познатиот територијален спор меѓу Франција и Германија за Сар се реши со договорот од 1950 за влез во ЕУ. Овој спор ќе мора да се реши пред приемот на Македонија. Веројатно не е фер тоа што едната од страните, која веќе е членка, го користи тоа свое диспропорционално влијание. Но, да земеме попозитивен пример, спорот меѓу Словенија и Хрватска покажа дека политички притисок може да се изврши и врз земјата која е внатре, во тој случај Словенија, за и таа да го испорача тоа што го ветила, изјави ван Миделар, одговорајќи на прашање на МИА.
Инаку, новиот извештај за напредокот на Македонија се очекува да биде претставен на 16 октомври.