Спасовски: Гласајте за Пендаровски за децата да не си одат од државата

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вчера попладне беше со граѓаните од дебарскиот регион каде разговараше на повеќе актуелни теми и ги потенцираше реформите кои Владата од СДСМ ги реализираше и поради кои државата конечно е на вистински пат, европски пат кој дава можности младите да останат дома.

 - Режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ е главна причина што многу млади се иселија, но ние работиме целосно спротивно на нив. Нашите политики се во интерес на граѓаните и значат повисок животен стандард, повисоки плати, нови работни места, користење на европски фондови. Нашиот пат кон ЕУ и НАТО значи дека ќе ги донесеме европските вредности кај нас за да ги задржиме младите дома - порача Спасовски.

 

 Спасовски потенцираше дека овие претседателски избори се исклучително важни бидејќи поддршката за Стево, значи поддршка за европска иднина, за подобри услови поради кои младите ќе останат дома. За разлика од концептот на Стево, рече Спасовски, опозицијата нуди само изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа, туку ќе одберат вистински претседател, ќе одберат напредок и интеграција и ЕУ и НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега