Неверојатен народен лек за многу болести: Мешавина од семиња и кисели јаболка

Овој народен лек и додаток на исхраната е осмислен и испробан како комбинација од најдобрите ориентални состојки помешани со традиционалниот џем од кисели јаболка кој се прави во нашите краишта.

Можете да го користите за јакнење на крвта и имунитетот, а со негова консумација ќе го надополните недостигот од минерали и витамини во организмот на целосно природен и здрав начин.

За подготовка на овој природен лек вам ви се потребни:

1 кг џем од кисели јаболка

200 г црно семе (црн ким)

200 г ленено семе

200 г сусам

50 г куркума

Подготовка:

Во електрична мелница за кафе смелете ги семињата. Вака добиената мешавина соединете ја со џемот и куркумата. Смесата мешајте ја доволно долго додека состојките убаво и рамномерно да се распоредат. Оставете да отстои неколку дена (1-2 дена), и лекот е подготвен за употреба.

Употреба: по една до две супени лажици секојдневно, пред појадок.

Смесата е осмислена за јакнење и чистење на организмот и крвта и третирање на бројни медицински состојби на природен начин.

Можете да ја користите и за проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација, за јакнење на имунитетот, за подобрување на крвната слика и проблеми со анемија, за подобрување на дигестијата, опстипација, како и за регулирање на холестеролот и триглицеридите.

Џемот од јаболка е познат како природно средство за подобрување на работата на цревата, крвта и зголемување на железото кај луѓе со анемија. Јаболковиот џем помага при регулација на шеќерот во крвта и работата на штитната жлезда.

Мешавината од семки позитивно влијае врз чистење на цревата и црниот дроб. Семињата се преполни со минерали кои ќе го зајакнат вашиот имун систем, а корисните масни киселини ќе го регулираат нивото на холестерол и триглицериди.

Смесата е преполна со: калциум, железо, бакар, протеини и мононезаситени масти од сусамот, витамини а особено Б комплекс, па магнезиум, калциум, железо и бакар од црното семе како и омега 3 масни киселини од лененото семе.

Куркумата е најпознатиот индиски зачин и природен лек низ историјата. Тоа е златно-жолт прав кој се добива од корен, кој му ја дава жолтата боја на прочуениот зачин-карито.

Најзначајните ефекти од куркумата се нејзиното антивоспалително и антиканцерогено дејство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега