Отворен изборниот штаб на Силјановска

Кандидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова го отовори својот изборен штаб.

Таа од својот штаб порача дека подобро е ние овде Македонија европска да ја градиме и препознаваме, бидејки тезите за качување на последни возови за ЕУ, како што вели Силјановска се нелогични. Таа смета дека треба да насочиме на она што се вика копенхагеншки критериуми.

„Факт е дека парализирана ни е демократијата. Јас гледам некои од луѓето кои се најзаслужни зошто јас влегов во сето ова. Нив им верувам и никогаш нема да го заборавам нивното влијание на мене. Стотици страници сум напишала за проблемите на македонската демократија и без процедура нема демократија. Јас им верувам на студентите и јас ве заразувам со критичко мислење. Затоа сакам да сум кактус. Велам дека ќе се држам до правото и правдата, и за еден професор по уставно право тоа е најважно. Јас сум модерна жена и повеќе би сакала скромна кампања. Искрено, не се чувствувам пријатно по билборди. Сепак, го почитувам членството, јас сум нов човек меѓу тие луѓе. Помнат дека сум ги критикувала, но отворената врата многу зборува“, рече Силјановска на денешното отворање на штабот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега