Паника во Лондон: Петти напад со нож во рок од една недела

Во вторникот вечерта дошло до нов напад со нож во Лондон. Непознато лице нападнало и со нож избодело две момчиња на возраст од 20 години.

Петтиот напад со нож се слуќил во Вембли околу 20 часот. Момчињата биле превезени во болница, а истрагата е во тек. Според сегашните информации, ниту едно од момчињата кои биле жртва на нападот не е во критична состојба.

Ова е уште еден во низата напади со ладно оружје кој во последно време ја потресе Велика Британија. Во понеделникот вечерта на смрт е избиден 22-годишниот Калвин Бонгс во северен Лондон.

Убиството се случило истиот ден кога премиерот отворил конференција за проблемите со залчестени напади и убиства со ладно оружје, на која учествувале 100 експерти и расправале за тоа како да се реши проблемот со насилниот криминал.

Кај централната џамија во Лондон на 29 март, пронајден е избоден маж. Тој се здобил со повеќе убодни рани, а напаѓачот со нож се обидел да се сокрие во џамија.

Момче, државјанин на Хрватска, а живее во источен Лондон избодел тинејџерка без причина додека седела со момчето и пријателите во парк.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега