Српската пејачка обвинета за кражба - вработените од бутик јавно ја обвинија

Пејачката Мина Костиќ се најде во центар на скандал поради купување на гардероба преку интернет.

Вработените во еден дуќан на социјалните мрежи објавија дека пејачката купувала облека од кај нив, но дека не ја плаќала со изговор дека нема пари.

Пејачката се одлучи и откри дека таа порачувала гардероба, а добивала „крпи“.

„Ова е „дама“ која купуваше многу облека кај нас, се фотографираше, снимаше спот и тогаш сакаше се да врати под изговор дека нема пари бидејќи позајмила и требало да ги врати, па и дека гардеробата не и одговара. Секако, ние не прифативме и госпоѓата одлучи да не „тужи“ за лажно продавање на интернет. Секако, се е докажано дека не е точно,но ете тоа е „естрада“, пишува на Фејсбук профилот на бутикот.

Мина Костиќ потврди дека неодамна започнала соработка со нив, но дека уште на самиот почеток била незадоволна.

„Тоа што го напишаа е потполна лага. Јас преку нив нарачав одредени работи, но ми пристигнаа крпи.Не можев да носам такви работи, па одлучив да ги вратам, ниту едно парче облека не го носев никаде. Ми рекоа дека не враќаат пари, па одлучив да ги тужам и секако дека ги добив. Па, потоа мораа да платат, тоа се случи пред еден месец“ вели пејачката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега