Бошњаковски: Македонската химна не е спорна ниту ќе се менува, не беше интонирана зошто доцнеше авионот на Ципрас

Химната во ниту еден момент не била, ниту ќе биде спорна, ниту ќе се менува, дециден беше владиниот порпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конфернција на која одговараше на новинарско прашање зошо вчера не беше интонирана македонската химна на пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

Бошњаковски и денеска ја повтори вчерашната изјава дека немало време за одржување свечен пречек во кој би биле вклучени и други активноси освен интонирањето на државните химни на двете држави, поради доцнење на авионот на Ципрас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега