Спасовски во посета на општина Сарај: Гласот за Стево е глас за продолжиме заедно напред кон развој и интеграција

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера попладне беше во посета на неколку населени места. На средбите со жителите на Сарај, Шишево и Ласкарци, Спасовски разговараше за престојните претседателски избори, за повеќе актуелни теми,како и за досегашниот напредок на нашата држава како дел од НАТО сојузот и Европската унија.

Спасовски истакна дека историската посета на грчкиот премиер на Скопје, докажува дека со сите наши соседи градиме пријателства, а тоа позитивно влијае и врз развојот на економијата. Над седумдесет бизнисмени од Грција денеска дојдоа заедно во Северна Македонија, со намера тука да инвестираат и да отвораат работни места. По потпишувањето на протоколот со НАТО, странските инвестиции во Македонија значително се зголемени, економијата расте и се движи во добар правец, додаде Спасовски.

На овие избори ќе се судрат два концепти. Едниот е концептот што води напред кон ЕУ и НАТО предводен од Стево и вториот што води назад кон изолација и неизвесност предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Сигурен сум дека ќе победи концептот на Стево кој води напред. Гласот за Пендаровски е глас за да продолжиме заедно напред кон ЕУ и НАТО, кон интеграција и развој, заклучи Спасовски.

Пред граѓаните во населеното место Ласкарци, Спасовски истакна дека токму тоа е местото кое е пример за обединетост и пример за соживот, место од каде пристигна силна порака дека само обединети и заеднички можеме да дадеме најмногу. Тоа воедно е и идеологијата зад која стоиме како партија и за која се залагаме  и во време кога сите мислеа дека не сме зрели како држава - рече Спасовски пред присутните граѓани.

Тој посочи дека токму Пендаровски е човекот кој ја подржува таа идеологија на едно општество за сите граѓани. Пендаровски е вистинскиот претседател за сите граѓани.

Потпретседателот Оливер Спасовски средбите со граѓаните ги заврши со повик да дадат поддршка за заедничкиот кандидат за претседател Пендаровски, бидејќи неговата победа, значи победа на  напредокот, на развојот и интеграцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега