Пендаровски во Аеродром: Политиката која има визија, знае и умее од опонетите да направи пријатели

Политиката која има визија, која има стратегија како да ја постигне зацртаната цел, знае како од своите опоненти да направи свои пријатели и сојузници, и токму на таков процес денес сме сведоци, порача вчеравечер заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на граѓанска трибина во општина Аеродром.

,,Мојот концепт е дел сум од политика која решава проблемите.Не да ги става под тепих, туку и по цена на сопствената популарност да ги решава во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина. Доказ за тоа е посетата на грчкиот премиер. После 28 години отворени прашања денес дојде премиер на земја која е наш најголем поддржувач на евроатланскиот пат”, порача Пендаровски.

Пред присутните Пендаровски порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат силни економски придобовки за нашата држава и сите граѓани.

,,Во посета имавме десет министри од Атина и стотина сериозни, крупни бизнисмени и сите од нив сакаат да инвестираат кај нас. Тоа е доказ дека политиката која има визија, знае и умее од опонетите да направи свои пријатели. Покажавме дека можеме да создаваме поддржувачи во интерес на земјата, на иднината, одиме заедно напред”, потенцираше Пендаровски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега