Членови на групата за поддршка на Македонија денеска во Скопје

 

 Членови на неформалната група за поддршка на Република Македонија во Европскиот парламент „Пријатели на Македонија“ се во посета на Скопје.

Во Скопје пристигнаа претседателот на групата, германскиот европратеник Мартин Кастлер и европратеникот Туне Келам од Естонија, двајцата од редовите на Европските народни партии.

Освен со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Попоски, предвидено е европратениците да остварат со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со свои колеги во македонското Собрание.

Според најавите, европратениците ќе разговараат за напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и перспективите за отпочнување на преговорите за членство. Се очекува да стане збор и за натамошното продлабочување на соработката со Европскиот парламент, кој дава јасна и недвосмислена поддршка за европскиот интегративен процес на Република Македонија. 

01.10.2013 - 09:01

најчитано сега