Најбрзата диета со кисело млеко – ослабете 5 килограми за 10 дена
Киселото млеко е исклучително корисен производ што ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага при исфрлањето на отровите од организмот и го поттикнува метаболизмот.
Додека ја држите диетата со кисело млеко, се препорачуваат следниве производи:
природно кисело млеко – 500 грама дневно
овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња и лубеница поради големата количина на шеќер што ја содржат)
месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисиркино, со отстранета кожичка и маснотии)
зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (домати, ‘рдоква, краставица, пиперка…)
зеленчук (зелјест) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…)
Количината на кисело млеко што ќе ја користите во поединечни рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да изедете 500 грама кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците, останува на вас.
Пример за мени
Појадок: Желе од кисело млеко и малини, шолја зелен чај или шолја чист сок од портокал.
Ручек: Шолја топол растителен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечкана на ситни парчиња, 100 грама варено месо, салата од краставици, домати и зачини, кисело млеко по желба, чаша топла лимонада (без шеќер)
Попладневна ужина: Домати со кисело млеко. Во киселото млеко додајте малку сенф, малку сол и кратко измешајте во блендер.
Вечера: Шолја топол растителен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа