Оваа намирница е еден од најголемите предизвикувачи на рак - престанете да ја конзумирате

Научно е докажано дека преработеното месо го зголемува ризикот од рак на панкреас.

Според истражувањата преработеното месо го зголемува ризикот од рак на панкреас. Научниците тврдат дека еден колбас дневно може да го зголеми ризикот од смртоносната болест за дури 20%.
Ракот на панкреас се нарекува тивкиот убиец бидејќи во својата рана фаза не покажува никакви симптоми. Дури и ако се појават, симптомите се нејасни: болка во грбот, губиток на апетит и на тежина.
Многу често се случува болеста да се дијагностицира многу доцна и поради тоа мал е процентот на преживеаните пациенти кои заболеле од оваа болест. 
Научниците во Шведска откриле дека само 50 грама преработено месо дневно ја зголемува веројатноста за заболување од рак на панкреас за 19%. 
Интересното е тоа што обичното црвено месо ја зголемува шансата за добивање рак, но кај мажите, доколку пак кај жените не.
Научникот Сузан Ларсон од Каролинскиот институт од Стокхолм изјавила: 
"Ракот на панкреас има многу ниско ниво на преживеани, затоа е важно да се пронајде што е тоа што го зголемува ризикот за заболување."
Нешто повеќе од 8.000 Британци годишно се разболуваат од оваа неизлечива болест. Власта поради тоа, лани ја советувала јавноста да се ограничува со конзумацијата на црвеното и преработеното месо.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа