Станал виртуоз по пијано откако добил потрес на мозокот

 40 годишниот Дерек  Амато  од Денвер е еден од 30. луѓе во светот кои по потрес на главата откриле нов талент. Имаат редок „Савант синдром“. 

По години на пропаднати работи, 40 – годишниот  Дерек денес ужива во богата музичка кариера и свири дури осум инструменти иако никогаш не одел во музичко училиште. Дека одеднаш знае се да свири открил пред осум години кога на необичен начин го привлекол клавирот и веднаш почнал да свири.

Тој во  емисијата „ Today Show“ изјавил„Тоа беше еден од оне моменти кога едноставно знаете. Нешто ме влечеше кон клавирот“ .

На забава кај негов пријател скокнал од базен и си ја удрил главата, откако изронил почнал да се жали дека му течело крви од ушите.

„Пријателите нешто ми говореа, но ништо не слушав. Ги допрев ушите и сфатив дека ми тече крв, но понатаму ништо не слушав“ ја објаснил повредата 40-годишниот Дерек

Потоа се онесвестил и во болница му бил дијагностициран тежок потрес на мозокот. Загубил 35 отсто од слухот како и дел од памтењето. Но, Дерек вели дека тоа е мала цена за она што сега го може. Иако страда од главоболки и послабо слуша не би сакал да се врати во претходната состојба.

 

30.09.2013 - 12:42

најчитано сега