Диета за брзо слабеење: Ригорозно 13-дневно мени само за најупорните

 

Дојде периодот од годината кога сите се заинтересирани за брзо слабеење, а ние ја имаме најдобрата диета за таа цел.

Со данската диета може да ослабете до 10 килограми за 13 дена, но важно е да се држите строго до планот.

Планот за исхрана се базира на 3 главни оброци и во меѓувреме не смее да јадете ништо, освен да се напиете чаша вода.

Со оваа ригорозна диета ќе мора да се откажете од многу работи и ќе успеат да ја издржат само најупорните.

13-дневно мени според данска диета со кое може да почнете веднаш:

Ден 1

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек: 2 тврдо варени јајца, варен спанаќ, 1 домат

Вечера: 1 голема шницла (230g), салата

Ден 2

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек: 1 парче салама, 1 шолја јогурт

Вечера: 1 голема шницла, салата

Ден 3

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 2 тврдо варени јајца, 1 парче салама, салата

Вечера: варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 4

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 1 литар свеж сок, 1 шолја јогурт

Вечера: 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25g младо сирење

Ден 5

Појадок: 1 голем, изрендан морков со лимон

Ручек: 1 големо парче варена риба (230g) со лимон и масло

Вечера: 1 голема шницла (или друго парче месо), салата, варен целер

Ден 6

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 2 варени јајца, 1 голем, изрендан морков

Вечера: ½ пиле на жар без кожа, салата

Ден 7

Појадок: 1 шолја чај без шеќер

Ручек: ништо

Вечера: нормално парче јагнешко месо на жар, свежо овошје

Ден 8

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 2 варени јајца, 1 парче салама, салата

Вечера: варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 9

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер

Ручек: 1 големо парче салама, 1 шолја јогурт

Вечера: 1 голема шницла, салата, овошје

Ден 10

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 2 варени јајца, 1 парче салама, салата

Вечера: варен целер, 1 домат, 1 овошје

Ден 11

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 1 литар свеж сок, 1 шолја јогурт

Вечера: 1 варено јајце, 1 рендан морков, 25g младо сирење

Ден 12

Појадок: 1 голем, рендан морков со лимон

Ручек: 1 големо парче варена риба со лимон и масло

Вечера: 1 голема шницла, салата, варен целер

Ден 13

Појадок: 1 шолја црно кафе, 1 коцка шеќер, 1 парче тост лепче

Ручек: 2 варени јајца, 1 голем, рендан морков

Вечера: ½ пиле на жар без кожа, салата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.03.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега