Третина од врботените на принуден одмор доколку не се изгласа буџетот во САД

САД се подготвуваат за престанување на финансисрањето на низа федерални активности. Доколку републиканците и демократите до полноќ не се договорат за усвојување на буџетот за новата фискална година третина од вработените во државните институции ќе бидат испратени на принуден одмор

Шансите за компромис се речиси исцрпени и извесно е дека од утре би можело да се случи финансиска блокада на владата, за првпат по 1995 година, јавуваат американските медиуми.

За изгласувањето на новиот буџет нема договор помеѓу републиканците и демократите во конгресот.

Двете партии имаат големи несогласувања заради здравственото осигурување познато како Обамакер, кое републиканците не го поддржуваат и бараат парите наменети за негово спроведување да се исфрлат од буџетските ставки.

 

30.09.2013 - 12:29

најчитано сега