Затуроска: МВР наместо да штити невини граѓани штити криминалци

 

Лилјана Затуроска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ на седницата за интерпелација на Оливер Спасовски рече дека ароганцијата не може да биде доблест и основна карактеристика на министер, не барем министер на МВР кој треба да биде олицвотрение на сигурност и строгост.

Треба граѓаните да имаат чувство дека можат слободно да се движат низ улиците, а притоа да не бидат нападнати, ограбени, прободени со нож, пукани со пиштол, киднапирани, да можат слободно да одат во маркети, а притоа да не стравуваат како небаре некој од криминалните филмови доаѓаат и ограбуваат во маркетите. Да бидат спокојни кога ќе одат во банките, во поштите, нагласи Затуроска.

Затуроска појасни дека за жал, колку и да звучи банално секојдневно граѓаните повторуваат, кажуваат каква е за жал секојдневната ситуација во државата откако Спасовски е на чело на МВР и наместо чувство на законот да владее, словото на криминалот владее, наместо полиција за народот се претвори во полиција против својот народ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега