Нови 294 стручни соработници ќе бидат вработени во основните и средни училишта

Владата продолжува да своите мерки за нови вработувања. Како што денеска информираше македонскиот министер за образование и наука, Спиро Ристовски, според најновата одлука на Владата, во наредниот период ќе бидат вработени 294 стручни соработници во основните и средните училишта. 

Во средните општински училишта ќе бидат вработени 56 стручни соработници, од кои 39 психолози и 17 педагози, додека во државните средни училишта ќе се вработат 10 стручни соработници од кои 6 психолози и 4 педагози.

-Потребните средства за реализација на вработувањата се во износ од 104 милиони денари и истите ќе бидат предвидени во буџетот на МОН во следниве три години. Изборот ќе биде транспарентен, односно ќе се врши по пат на јавни конкурси за вработување, коишто исто така етапно ќе бидат објавувани, а во нив ќе бидат назначени сите подетални информации за условите и критериумите за аплицирање и обезбедување на соодветниот работен ангажман, истакна денеска министерот Ристовски, пренесе Курир.

Проектот ќе биде спроведен во две фази. Во правата фаза која ќе трае до крајот на годинава се предвидува вработување на вкупно 70 психолози, додека втората фаза која че трае до крајот на наредната година предвидува вработување на 105 стручни соработници, психолози.

Целта е да се обезбеди континуитет во целосната и непречена имплементација на Законот за основно образование и неговите измени, Законот за средно образование, како и реализацијата на сите проекти согласно заклучоците и програмата за работа на Владата на Република Македонија.

30.09.2013 - 11:20
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега