Јарец на суд го победи Музејот на современа уметност
Откако беше обвинет од Музејот на современа уметност за изедено цвеќе пред оваа установа, јарето Гери , заедно со својот сопственик се појави пред судот во Сиднеј.
Неговиот сопственик Џејмс Дезарнаулдс , комичар кој е исто така познат како Џимбо Базуби, бил казнет со парична казна од 292 фунти. Сепак тој сметал дека паричната казна е неправедна и избрал случајот да го изнесе на суд.
На суд, тој го повел и Гери ,кој носел шапка во боите на виножито, но јарецот мораше да остане надвор додека случајот продолжи во судницата .
Пол МекГир, адвокатот на јарецот, пред судот изјави дека полицијата издала погрешна прекршочна пријава, поради тоа што таквите вообичаено се издаваат за личности, а не за кози.
„Одговорноста (за парична казна) се однесува на личност, но Гери не е личност. Покрај тоа, не може да се докаже дека г-дин Базуби го довел Гери до чинот на јадење цвеќиња“, објаснил адвокатот.
Полицискиот обвинител, наредник Рик Мансли изјави дека Базуби бил соодветно казнет, бидејќи знаел дека Гери бил гладен, а му дозволил да биде во близина на цвеќињата.
Судот ги отфрли обвиненијата, но сепак Базуби ќе мора да ги плати судските трошоци.Надвор од судот Базуби пред толпата новинари изјави дека е воодушевен што е симната дамката од името на Гери.