Членови на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП во дводневна посета на Скопје

Членови на неформалната група за поддршка на Република Македонија во Европскиот парламент „Пријатели на Македонија“ од денеска престојуваат во дводневна посета на Скопје. 

Делегацијата составена од претседателот на групата, германскиот европратеник Мартин Кастлер и европратеникот Туне Келам од Естонија, во Скопје пристигнува на покана на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Поповски.

Предвидено е за време на посетата европратениците да се сретнат со шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, и своите колеги од македонското собрание.

Напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и перспективите за отпочнување на преговорите за членство ќе бидат темите на кои ќе се разговара на средбите.

30.09.2013 - 11:16

најчитано сега