Кети Пери сакала да си го одземе животот

По раскинувањето  со актерот Расел Бренд , поп пејачката Кети Пери откри  и било толку тешко, што се обидела да си го одземе и животот.

Таа изјави дека своите чувства најдобро ги открива во песната „By the grace of god“.

„Таа песна е доказ за мојата состојба во тој период. Во еден момент се прашав „Дали сакам да издржам, дали треба да продолжам да живеам?“ , објаснува пејачката.

 Актерот Расел Бренд и Кети Пери беа во брак повеќе од една година,а се разведоа во февруари 2012 година.

30.09.2013 - 11:08