Инспектори за хемиско оружје денеска во Сирија

Денеска во Сирија ќе пристигнат група од 20 инспектори на Обединетите нации кои ќе го надгледуваат уништувањето на хемиското оружје.

Групата инспектори утре ќе има средба со претставници на сириското Министерство за надворешни работи.

Инаку, до крајот на неделата се очекува да пристигнат уште една група инспектори во Сирија, а нивната цел е  да се спречи можноста за производство на хемиско оружје.

30.09.2013 - 10:54

најчитано сега