Македонска делегација на есенската сесија на ПС на Советот на Европа

Македонска собраниска делегација на чело со Александар Николоски од денеска до 4. октомври во Стразбур, Република Франција, ќе учествуваат на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Теми кои ќе се дискутираат на сесијата ќе бидат Извештајот за парламентарните избори во Албанија, функционирањето и демократските институции во Босна и Херцеговина, прогресот на постапката за мониторинг на парламентарното собрание, националната безбедност и пристап до информации, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, правата на децата на физички интегритет, безбедност на храна, дискриминацијата на постари лица на пазарот на трудот и зајакнување на институцијата омбудсман во Европа.

Како што информираат денеска од Собранието на Република Македонија, како итни прашања не дневниот ред се состојбата во Сирија и Агендата за човековите на права на Европската унија.

На сесијата ќе се обратат претседателот на Молдавија Серж Сарксиан, претседателот на Србија Томислав Николиќ и претседателот на руската Дума, Сергеј Наришкин.

За време на сесијата треба да се остварат повеќе билатерални средби со други делегации, меѓу кои најзначајна е средбата со делегацијата на Канада закажана за 2. октомври.

Годинава ќе биде доделена и наградата за истакнат придонес за заштитата на човековите права „Вацвал Хавел“. 

30.09.2013 - 10:31
Фото: 
evesti.mk