Олбрајт: САД во Косово дејствуваа илегално но исправно!

 

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт изјави дека постапките на САД во Косово биле спротивни на меѓународното право, но и натаму се исправни.

Олбрајт за американското Национално јавно радио истакна дека постојат низа начини на кои САД би можеле да го извршат воениот удар врз сирискиот режим без одобрение на Советот за безбедност на светската организација.

- Сметам дека постојат низа различни начини тоа да се направи. Ако прашате дали е тоа легално, искрено, да се вратиме на Косово, системот во некоја рака рече дека она што таму го направивме не беше легално, но беше исправно, рече Олбрајт.

 

30.09.2013 - 10:06

најчитано сега