Ердоган: Три не се доволно - раѓајте по четири деца!

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кој неодамна за поттикнувањето на наталитетот, апелираше до Турчинките да раѓаат по три деца, самиот си го поправи советот па побара да се раѓаат по четири, а не по три деца.

- Три деца не се доволно, раѓајте по четири, изјави Ердоган пред група жени, кои му аплаудираа по церемонијата на отворањето на геотермална централа во средоземноморскиот округ Денизли.

Ердоган направи поврзаност меѓу нискиот наталитет во европските држави и економската рецесија.

30.09.2013 - 09:25

најчитано сега