Професори од Оксфорд ќе ја прошетаат Македонија

 

Денеска во Археолошкиот музеј на Македонија, ќе се одржи средба меѓу Dr. Phillip Niewohner, Prof. Andrew Wilson и Prof. Mark Pollard, професори од Универзитетот Оксфорд и проф. д-р Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство.

На средбата во Археолошкиот музеј ќе присуствуваат и Весела Честоева, директорка на музејот и проф. Славица Вајт, директорка на фондацијата „Кирил Трајковски“.

Фондацијата „Кирил Трајковски“ е иницијатор на средбата, а се реализира во соработка со Управата за заштита на културниото наследство и Археолошкиот музеј. Целта е размена на искуства и соработка со универзитетот Оксфорд. 

За време на посетата која треба да трае до 3 октомври, професорите ќе посетат повеќе македонски градови, археолошки локалитети, сакрални споменици и други културни богатстава. 

30.09.2013 - 08:14

најчитано сега