Три мали бродчиња криеле неверојатни 5 тони марихуана
Египетските власти заплениле пет тони марихуана во близина на брегот кај летовалиштето Хургада, на Црвено море.
Огромното количество дрога е пронајдена во три мали бродчиња, а шестчлениот екипаж е уапсен, стои во соопштението на војската, што го пренесуваат француските медиуми.
Во соопштението нема информации за потеклото на дрогата, а не е прецизирано ниту кога е изведено запленувањето.
Марихуаната била спакувана во 2.439 пакетчиња, а вкупната тежина изнесувала околу пет тони.
Во Египет, нарко дилерите можат да бидат осудени и на смртна казна, потсетуваат француските медиуми.
29.09.2013 - 15:40