Македонија ќе ја поплават дождови - од утре ќе ја почувствуваме есента

Од утре доаѓа есен. Македонија ќе ја зафати променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а температурата ќе биде во опаѓање.

Промената на времето е поради влијанието на влажна и нестабилна маса од Медитеранот, а метеоролозите препорачуваат при појава на електрични празнаења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Времето утре ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и во попладневните часови ќе бидат проследни со локални грмежи. Ќе дува  слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од девет до 17 степени, додека дневната ќе бидат од 20 до 27 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено во  вечерните часови и во текот на ноќта.

Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 23 степени.

29.09.2013 - 15:34

најчитано сега