Со автомобил возел во подземна железница
Дел од жителите на германскиот град Бохум беа сведоци на несекојдневен настан, откако еден нивен сограѓанин под дејство на алкохол почнал да вози со својот автомобил по железнички шини. Германецот Мартин Хубер кој влегол во подземната железница во Бохум веднаш бил уапсен.
Се покажало дека кај дваесет и седум годишниот германец имало трипати повеќе алкохол по враќањето од забавата. Тој ја следел железничката пруга и продолжил во подземниот дел на железницата во градот.
Хубер на полицајците им рекол дека немал намера да вози по подземната железница, но кога ја увидел својата грешка веќе било доцна.
Возачката дозвола на Хубер е одземена поради возење во пијана состојба, а неговиот автомобил Цитроен Ц1 од тунелот бил извлечен со воз.
29.09.2013 - 14:37