Исламистичка група уби 50 студенти во нигериски колеџ

Најмалку 50 студенти се мртви во колеџ во Нигерија, откако кон нив пукале борци на исламистичката група Боко Харам. 

Терористите упаднале во зградата на колеџот за земјоделство во Гуџба. Почнале да ги убиваат студентите еден по еден додека спиеле. 

Градот се наоѓа на 30 километри од главниот град на нигериската сојузна држава Јобе, Даматуру.

Сега колеџот е под контрола на полицијата.

Според полицијата бројот на жртвите може значително да се зголеми.

29.09.2013 - 14:28

најчитано сега