ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска уште не им се извини на граѓаните за срамното интервју

Поминаа неколку дена од срамното интервју на Радмила Шеќеринска за грчките медиуми, а нејзе никаде ја нема да им се извини на граѓаните. Кога сака да се пофали со нешто таа е таков политичар што не можете да ја симнете од екран. Но сега ја нема. Кажа и избега.

            За нас се разбирливи реакциите на граѓаните кои со право негодуваат кон ставови на политичар, што долги години е на високи државни функции, со кои се нарушуваат и загрозуваат македонските позиции кон спорот кој Грција го наметна.

            Ситните партиски интереси, личниот гнев и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, не се доволна причина за еден политичар како Радмила Шеќеринска да си дозволува да ги загрози интересите на целата држава и на сите граѓани. Таа може да биде лута на сите заради своите изборни неуспеси, но не треба да зборува со аргументи кои може да и нанесат штета на својата држава.

            Грчката држава и грчката дипломатија со задоволство користат вакви примери, во кои политичари како Радмила Шеќеринска, ја изедначуваат и вината и одговорноста на Република Македонија и Грција. Затоа впрочем ја пренесоа сите грчки медиуми. Од полза им е. Оваа не е прв пример на политичар од СДСМ.

            Да зборувате за проблемот на Република Македониja, а да не ја споменете пресудата од Меѓународниот суд на правдата од Хаг, да не ги спомнете позициите на граѓаните во врска со прашањата на идентитетот и да не ги споменете сите конструктивни чекори кои Македонија ги превзема во овие дваесетина години, секако може да остави впечаток за политичар кој повеќе се грижи за својот имиџ во очите на грчката јавност од тоа што се грижи за националните и државни интереси на Република Македонија.

            Искрено жалиме што ставовите на Шеќеринска често ги слушаме и како аргументи на грчките дипломати кога објаснуваат зошто нашата држава не треба да продолжи да чекори кон ЕУ и НАТО. Тоа за Република Македонија е проблем.

            И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата.

            Очигледно нејзината желба да се претстави за успешени модерен политичар отишла до таму што е подготвена да се трампа со интересите на сопствената земја.

 

 (Интегрален текст од прес-конференција на Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ)

29.09.2013 - 14:03

најчитано сега