Седум години плус за жените до пензија

Според ставовите на МФФ за пензиска реформа, и жените и мажите во Србија би требало да се пензионираат на 67 години, јавува белградскиот весник „Блиц“.

Ако министерствата за финансии и труд го прифатат овој предлог, за право на пензија во Србија мажите ќе треба да работат две години повеќе, а жените седум години повеќе во однос на сегашните закони, пишува весникот.

Синдикатите се против ваквата идеја и министерството за труд се против оваа идеја, пишува весникот. Според нив, Србија има економски и демографски карактеристики и ММФ не може да ја третира земјата исто како останатите европски земји.

Министерството за финансии наведува дека владата треба да постигне согласност за реформите на пензискиот систем до средината на 2014 година.

29.09.2013 - 13:07