Ахмети оди да лобира за Македонија во Брисел, Париз и Хаг
Во пресрет на издавањето на извештајот за напредокот на Македонија од страна на Европската Унија на 16 Октомври, но и декемврискиот самит на Унијата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе продолжи со комбинираните домашни и меѓународни напори за да го поттикне интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ, информираше Артан Груби, шеф на кабинетот на Ахмети.
Во тој поглед, најави Груби, во следните 10 дена, Ахмети ќе ги посети Брисел, Париз и Хаг за да се врати во Брис уште еднаш на крајот на посетата. Претседателот Ахмети ќе го придружуваат Фатмир Бесими, заменик премиер за ЕУ и Артан Груби, шеф на Кабинетот на Ахмети.
По повод оваа посета на Брисел на Ахмети, Центарот за Студирање на Европските Политики ќе организира тркалезна маса околу перспективите на Македонија,
-Во Брисел, Претседателот Ахмети ќе реализира средби со сите институции на Европската Унија како Комисарот за Проширување Штефан Фуле, Директор за Европа и Азаија во надворешната служба на ЕУ, Г. Луиз Филипе Фернандез Де Ла Пења, Политичките Советници на Претседателот на ЕУ Ван Ромпуј, Њарлот Самелин и Педро Серано, Европратеникот од десните партии Едуард Кукан, Европратеникот од левите партии Ричард Ховит кој истовремено е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, информираше Груби.
Посетата ќе продолжи во Париз каде Ахмети ќе ја посети претседателската резиденција во Елисејската Палата и ќе има можност да ја повика Франција уште поактивно да се вклучи во решавањето на спорот за името.
Ахмети ќе ја посети и Холандија каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Тимерманс, а ќе реализира други средби во Холандија но и во Франција.
На крај, Ахмети ќе се врати во Брисел за да се сретне со заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбау со кого ќе разговара за итната потреба за зачленување на Македонија во НАТО и потребата за поголема меѓународна ангажираност.
Во Брисел, Ахмети ќе се сретне и со новоименуваниот генерален директор за Проширување Кристиан Даниелсон, како и ќе приреди ручек за неколку постојани претставници на земјите членки на Европската Унија во Брисел.