Котевски: Сензибилноста на кризните околности е сериозен предизвик за институциите

Денеска во Охрид стартуваше тридневната работилница „Ефективно управување со кризна комуникација“, намената за потребите на службите во МБР задолжени за односи со јавноста. Работилницата е организирана од мисијата на ОБСЕ во Република Македонија

Целта на оваа работилница е преку интерактивен пристап, различни примери, симулации и дискусија да се приближат и појаснат повеќе аспекти, особено фокусирајќи се на психологијата на комуницирање за време на криза и улогата на портпаролот во кризни околности.

- Сензибилноста на кризните околности е сериозен предизвик за која било институција, затоа што во основата на секоја криза лежи прашањето за безбедноста, независно дали станува збор за безбедноста на граѓаните, на материјалните добра или на општеството во целина, изјави помошник министерот за внатрешни работи односи со јавноста Иво Котоески.

На работилницата ќе бидат опфатени повеќе прашања, како управувањето и дистрибуцијата на критични и чувствителни информации, начини на работа во ургентни околности, за правните аспекти и можните импликации при соопштувањето информации во критични ситуации. Според најавите, ќе се реализира и сценарио со симулација на вонредни околности.

29.09.2013 - 12:30
Фото: 
Денешен

најчитано сега