Петмина членови на Златна Зора обвинети за криминал

Партијата „Златна зора“ била криминална организација а нејзиниот лидер заедно со уште четворица пратеници се обвинети за учество во истата со цел за извршување на злосторства. 

Грчката Влада со ваквите апсења покажа дека се обидува да ја уништи партијата позната по својата жестока антимигрантска позиција. 

Во притвор заврши лидерот на „Златна зора“ НИкос Михалолиакос, портпаролот Илиас Кадидиарис, Јоанис Лагос, Никос Михос и Илиас Панајотарос. Се трага по уште еден парламентарец, Христос Папас, се наведува во соопштението на обвинителството.

Покрај нив приведени се уште 15 лица, вклучително 13 членови на „Златна зора“ и двајца полицајци. 

Се очекува тие да бидат изнесени пред обвинител и истражен судија. Обвиненијата против нив се истите. Во соопштението на обвинителството се наведува дека уапсените и лицата по кои се уште се трага се осомничени за убиства, напади, експлозии и уцени.

Портпаролот на полицијата Христос Пагонис изјави дека контратерористичките единици се уште трагаат по 12 осомничени, вклучително еден пратеник. При претресот на домот на лидерот на „Златна зора“ се запленети два пиштоли, оружје без дозвола, голем број муниција и над 43.000 евра во кеш. Одземени се и компјутери.

Грчката Влада нареди истрага против „Златна зора“ по убистото на раперот Павлос Фисас, на 18 септември, од човек што се декларирал како член на „Златна зора“.

Според грчкото антитерористичко законодавство, учеството во престапна организација е тешко кривично дело, за кое пратениците од „Златна зора“ може да бидат судени и без да им се одземе пратеничкиот имунитет. 

29.09.2013 - 11:12

најчитано сега