Тунис: Владата се согласи да поднесе оставка

По почетокот на преговорите со опозициските партии, денеска исламистичката влада на Тунис се согласи да си поднесе оставка. Ваквите преговори со опозицијата имаат за цел да создадат привремена влада, која ќе има за цел да ги преземе тековните обврски и ќе организира спроведување на предвремените, избори.

Разговорите ќе стават крај на кризата, што трае неколку недели и се заканува да го запре преодот кон демократија на оваа северноафриканска земја.

28.09.2013 - 16:03

најчитано сега