37 луѓе настрадаа под урнатините во Мумбај

Бројот на жртвите кои настрадаа вчера наутро при уривањето на петкатната станбена зграда во индиската финансиска престолнина Мумбај достигна 37 лица, пренесува ДПА.  

Властите денеска јавуваат дека досега, спасувачите извадиле 33 лица кои биле затрупани под урнатините.

Вчера се загреаа надежите за преживеани откако мало девојче беше извадено живо од под урнатините, речиси 12 часа по почетокот на спасувачката акција во која учествуваат стотици работници.

- Уште тела на загинати беа извадени од под урнатините, а некои од повредените починаа во болница, така бројот на жртвите достигна 37 лица, изјавил денеска раководителот на службата за справување со катастрофи, Алок Авасти.

Според Авасти, податоците со кои располагаат властите велат дека под урнатитенире се наоѓаат уште 23 жители на зградата.

Телевизијата Си-Ен-Ен-Ај-Би-Ен објави, дека полицијата уапсила инженер по реакација на општинските власти, дека извршил незаконски промени на приземјето на урнатата зграда.

Во последниве шест месеци во Мумбај се урнаа дури три згради, како резултат на незаконско или наквалитетно градење. Во април загинаа 72 лица, а во јуни уште 10, од кои половината беа деца.

28.09.2013 - 15:27