Филе: Дојде време да се реши грчко-македонскиот спор

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе уште еднаш апелираше Македонија и Грција со засилени напори да работат на решавање на спорот со името, за Македонија конечно да ги ги почне преговорите за влез во ЕУ.

-Јас изразив поддршка за овој процес и повторно повикав двете страни итно да сторат сѐ што може за да се разреши ова прашање. Тоа е причината што земјата не може да го преземе следниот чекор кој Комисијата одново и одново го препорача, а тоа е да се отворат преговорите за членство. Не сакам однапред да судам што ќе се случи оваа година во извештајот за напредок, но мислам дека е дојдено време да се разреши ова прашање. Притоа да не се гледа само цената на евентуалниот компромис, туку и цената на неодењето напред и одржувањето на состојбата во статус кво уште една или повеќе години, рече комесарот Филе, кој вчера оствари билатерални средби во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Еврокомесарот во понеделникот оствари средба и со медијаторот Метју Нимиц.

Во октомври се очекува Европската комисија да излезе со нов извештај за напредокот на земјава. Од 2009-та година, ЕК препорачува отворање на преговорите за Македонија, но Грција редовно ја блокира оваа одлука на ниво на Европскиот совет.

ИЗвор: Дојче Веле

28.09.2013 - 11:56

најчитано сега