Кина на нозе: Спасени 94 киднапирани лица - уапсени 301 киднапер

Кинеската полиција спасила 92 деца и две жени, кои биле киднапирани од една криминална банда за да бидат продадени, а во големата акција е приведено 301 лице, пренесуваат кинеските медиуми. Според медиујмите, ова е едно од најобемните апсења во последните години.

Кинеските медиуми пишуваат дека полицијата неодамна, по шест месеци истрага, извела истовремена рација на повеќе локации во 11 кинески провинции.

Засега не е соопштено кога точно децата биле спасени. Не е познато ни колку меѓу нив се момчиња, а колку девојчиња. Традиционалната наклонетост кон момчињата, посебно во селските области, и стриктната политика на едно дете, во последните години доведоа до зголемен број криумчарења на деца и жени.

Киднапираните жени се продаваат во руралните области, на мажи кои не успеале да се оженат.

Државната телевизија наведе дека на киднаперите ќе им бидат изречени остри казни.

Кинеската агенција  Ксинхуа додаде дека ќе бидат казнени и родителите кои си ги продаваат своите деца.

Пред две години, кинеската полиција соопшти дека во претходните две години спасила повеќе од 13.000 киднапирани деца и 23.000 жени.

28.09.2013 - 11:45

најчитано сега