Осуммина Срби од „Пинк Пантер“ си заработија казна затвор

Австриски суд им одреди казни од шест до 12,5 години затвор на седум лица кои се обвинети дека се дел од меѓународната криминална организација „Пинк Пантер“, која е специјализирана за кражби во златарници и скапи бутици, јавуваат француските медиуми.

Осуммината осуденици се со српско потекло. Тие ќе одлежуваат затворска казни откако, според обвинението, од февруари 2012 до март 2013 година на особено брутален начин ограбиле четири златарници во Виена и една во Салцбург.

Првообвинетиот е 36-годишен месар, кој со сатар нападнал еден од чуварите на златарниците, покажува снимка од видеокамера што била искористена како доказ. Осмиот член, пак, за кого се тврди дека е само возач на бандата, доби казна од три години и 8 месеци затвор.

Бандата „Пинк Пантер“ брои 220 членови, од кои повеќето се од поранешните југословенски републики.

Досега тие имаат ограбено златарници од кои однеле плен вреден 250 милиони евра.

Бандата беше крстена со ова име од англиски полицајци по кражбата во Лондон во 2003 година, кога тие сокрија дијамант во кутија за козметичка крема, како што се случува во еден од филмивите со „Пинк Пантер“ на Блејк Едвардс.

28.09.2013 - 11:39

најчитано сега