Попоски се сретна со колегите од Албанија и Тајланд

Mинистерот за надворешни работи Никола Попоски вчера со Њујорк се сретна со своите колеги од Албанија и од Тајланд

На вчерашната средба на Никола Попоски со албанскиот министер Дитмир Бушати, била потврдена позитивната билатерална соработка и во контекст на нејзино натамошно зацврстување, двајцата министри се договориле да се одржи заедничка седница на Владите, на која би биле договорени проекти од заемен интерес на двете земји.

родлабочувањето на трговската и економската соработка и забрзувањето на реализацијата на тековните проекти од патната, железничката и енергетската инфраструктура беа потврдени како приоритет во односите на двете земји. Воедно, во контекст на заемните добри односи, МНР на Албанија Бушати ја повтори поддршката за членство на Република Македонија во НАТО Алијансата, соопштуваат од МНР.

Министерот Никола Попоски вчера оствари средба и со министерот за надворешни работи на Кралството Тајланд, Сурафонг Товијакчаикун.

-Попоски потенцираше дека постои голем интерес за јакнење на трговската размена со Тајланд и зголемување на тајландските инвестиции во Република Македонија, како и интензивирање на политичката соработка преку одржување на редовни средби на највисоко државно и владино ниво. Двајцата министри најавија дека во  најскоро можно време би требле да потпишат Договор за заштита на инвестициите и други договори со кои би можело да се стави поцврста правна рамка за трговската размена помеѓу двете земји, стои во соопштението на МНР. 

28.09.2013 - 11:09
Фото: 
А1Он

најчитано сега