ВМРО-ДПМНЕ го честита Меѓународниот ден на Бошњаците
ВМРО-ДПМНЕ денеска испрати честитка во која им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија.
-Богатството на Македонија и нејзината уникатност ја прави неjзината културна разноликост во која Бошњаците даваат свој огромен придонес со својата култура и традиции. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко. Бошњачката заедница давала и во иднина ќе дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, со цел изградба на напредна и стабилна Република Македонија, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.