Надвор лето - уживајте во сончевиот ден

 Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 14, а дневната од 24 до 31 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 27 степени.

Во недела времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, попладне ќе има зголемување на облачноста. Температурата ќе досигне до 30 степени.

Промена на времето се очекува од понеделник кога ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Се очекува локално да наврнат и над 30 литри на метар квадратен, особено ноќта спрема вторник.

28.09.2013 - 10:12